ОД ПРОЛЕТ ЛЕТ ОД СКОПЈЕ ДО ПАРИСКИОТ АЕРОДРОМ „ОРЛИ“, „ИЗИЏЕТ“ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА

    ОД ПРОЛЕТ ЛЕТ ОД СКОПЈЕ ДО ПАРИСКИОТ АЕРОДРОМ „ОРЛИ“, „ИЗИЏЕТ“ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА„Изиџет“ влегува како конкуренција на „Визер“ на летовите кон Париз - авиони на „Изиџет“ на аеродрот во Базел-Милусз (Фото: СДК.МК)

    Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ планира да се врати во Македонија следната година, но со само една линија, Скопје-Париз. Според францускиот весник „Ле Еко“, летовите наскоро би требало да бидат закажани.

    Ова доаѓа откако минатиот месец, по три години, „Изиџет“ престана да лета од Женева за Скопје. „Изиџет“ првпат влезе на македонскиот пазар во ноември 2021.

    Компанијата ќе се соочи со индиректна конкуренција на новата линија, имајќи предвид дека унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ одржува летови меѓу Скопје и аеродромот Буве, што се рекламира како лет до Париз. Сепак, за разлика од Буве, кој е оддалечен 90 километри од центарот на Париз, од аеродромот „Орли“ има само 20 километри.

    Минатата година, „Визер“ превезол 39.918 патници меѓу Скопје и Буве, со просечна пополнетост на авионите од 91%.

    Компанијата „Изиџет“ изјави дека не е вознемирена од присуството на „Визер“ на македонскиот пазар.

    „‘Изиџет‘ е фокусиран на својата успешна стратегија да се прошири низ Европа и работи во најдобар интерес на компанијата и нејзините клиенти“, соопшти компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира