ОД СЕПТЕМВРИ ЗА 5 ОТСТО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ

    ОД СЕПТЕМВРИ ЗА 5 ОТСТО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕНа денешната владина седница беше донесена одлука, почнувајќи од септември да бидат покачени платите во основното, средното и високото образование. (Фото: Влада на РСМ)

    Од септември наставниците и професорите ќе земаат за 5 отсто повисоки плати. На денешната владина седница беше донесена одлука, почнувајќи од септември да бидат покачени платите во основното, средното и високото образование. Со оваа одлука се опфатени и научните институции.

    „Владата го задолжи министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите. Со оваа одлука дополнително се задолжува министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5 отсто, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година“, стои во соопштението на Владата од денешната седница.

    На владината седница беше донесена одлука данокот за топлинска енергија за греење на домаќинставата да се намали на 5 отсто, а повластен данок ќе се плаќа и за одредени лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира