ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА ЛИМИТОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДДВ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ПОРАСНЕ ОД 1.800 НА 2.100 ДЕНАРИ ПО ТРИМЕСЕЧЈЕ

    ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА ЛИМИТОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДДВ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ПОРАСНЕ ОД 1.800 НА 2.100 ДЕНАРИ ПО ТРИМЕСЕЧЈЕЗа три години, со повратот на дел од данокот на додадена вредност, кај граѓаните се вратени 4,2 милијарди денари или близу 68,3 милиони евра. - Сања Лукаревска (Фото: Влада)

    Управата за јавни приходи (УЈП) и Министерството за финансии ќе предложат законски измени со кои што максималниот износ за поврат на ДДВ на физички лица ќе порасне од 1.800 на 2.100 денари за тримесечје, кажа директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

    „Со министерот за финансии ќе поднесеме предлог за измени во законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица со цел од наредната година, т.е. од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот за поврат на ДДВ со што граѓаните наместо 1.800 денари за тримесечје ќе може да добијат максимален износ од 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата ‘Мој ДДВ’“, кажа Лукаревска.

    Денешната прес-конференција беше по повод тригодишнина на мерката „Мој ДДВ“.

    „Мерката ‘Мој ДДВ’ го слави третиот роденден. Во овие три години, со повратот на дел од данокот на додадена вредност, кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари или близу 68,3 милиони евра. Тоа се сериозни средства и преку нив директно влијаевме на подобрување на семејните буџети, за зголемување на бројот на издадени фискални сметки, како и за намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција“, рече Лукаревска.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира