Од утре до 23 јуни Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.
Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури.
Поради натамошен пораст на температурите од 20 јуни насекаде ќе биде активно портокалово ниво за оспасност.