ОДБИЕНА ЖАЛБАТА, ГРУЕВСКИ ОДИ ВО ЗАТВОР

    ОДБИЕНА ЖАЛБАТА, ГРУЕВСКИ ОДИ ВО ЗАТВОРАко доставувачот не го најде осудениот Груевски, полицијата ќе го уапси и присилно ќе го спроведе в затвор, објаснуваат од Судот. - Груевски на едно од многуте рочишта пред Судот (Фото: Ѓ. Личовски)

    Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 му ја одби жалбата на осудениот Никола Груевски на решението за издржување на затворската казна од две години, што треба да ја одлежи во затворот во Шутка.

    „По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме јавноста, дека Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции. Решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно
    веднаш по приемот од странките”, соопшти вечерва Основниот суд Скопје 1.

    Минатиот пат поштарот не го најде Груевски дома, па му го врачи првичното решение да се појави во затворот Шутка до 8 ноември, на рака, во ходник на Кривичниот суд. Сега треба сам да си го земе решението, или со судска достава да му биде однесено. Ако пак не го најде доставувачот, полицијата ќе го уапси и присилно ќе го спроведе во затвор, објаснуваат од Судот. Всушност, од овој момент натаму, Груевски треба да се јави на издржување на затворската казна.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира