ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА ЦЕЛИОТ СУДЕЧКИ СОВЕТ И НА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЗАМЕНИКОТ НА АПЕЛАЦИЈА, СЕДНИЦАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ НА 5 СЕПТЕМВРИ

    ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА ЦЕЛИОТ СУДЕЧКИ СОВЕТ И НА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЗАМЕНИКОТ НА АПЕЛАЦИЈА, СЕДНИЦАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ НА 5 СЕПТЕМВРИОсудениот Никола Груевски на јавната седница на Апелација за неговата жалба за пресудата за „Тенк“ лично побара изземање на целиот Судечки совет, на в.д. претседателот и заменик на скопска Апелација, бидејќи наводно биле незаконски бил одбрани спротивно на електронскиот АКМИС-систем за распределба на предмети (Фото: Ѓ. Личовски)

    Осудениот на две години затвор експремиер Никола Груевски во случајот „Тенк“ на СЈО, во продолжението на јавната седница на Апелација за неговата жалба за пресудата лично побара изземање на целиот Судечки совет, на в.д. претседателот и заменик на скопска Апелација, бидејќи наводно биле незаконски бил одбрани спротивно на електронскиот АКМИС-систем за распределба на предмети.

    Претседателката на Судечкиот совет Цветанка Периќ даде 5 минути пауза, за да го разгледаат барањето. Барањето беше одбиено, а по паузата, почна расправата, судијата известител почна го чита образложението на пресудата и тоа е во тек, а потоа, поради обемноста на предметот ќе се прекине расправата и ќе се одреди друг термин за јавна седница.

    „Во дел од порталите за време на паузата прочитав дека досега неколкупати е сменет осоставот на Судечкиот совет во овој предмет, тој од вчера не е истиот што и денес и наводно на неазаконски начин спротивно на АКМИС-системот за избор на судии бил направен и затоа барам изземање“, рече Груевски, осуден за незаконската набавка на мерцедесот од 600 илјади евра.

    Грувески исто така кажа дека за овој случај треба да се позанимава и Судскиот совет бидејќи има индиции за наводни злоупотреби.

    Преходното барање на одбраната на Груевски за изземање на Периќ е одбиено.

    Ова е четврто барање за изземање во текот на денешната јавна седница на Апелација која почна во 10 часот.  Претходно одбраната на Груевски бараше изземање на Судечкиот совет, па на судијката Тања Милева, па на претседателката на Судечкиот совет Цветанка Периќ, и сите беа одбиени, но поради тоа расправата по жалбите на Груевски и на осуденито на 9 години затвор Ѓоко Поповски не е ни почната.

    Следната јавна седница е закажана за 5 септември кога ќе се чита образложението на жалбите.

    Ако Советот за организиран криминал при Апелациониот суд ја намали, зголеми или потврди затворската казна, Груевски треба да оди в затвор. Ако ја врати на повторно судење, тој ќе се спаси од затворската пресуда за ова обвинение засекогаш, бидејќи предметот со тоа кривично дело застарува на 31 октомври 2018.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира