ОДЛОЖЕНА КОМИСИЈАТА ЗА БУЏЕТ, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ СЕ НА РАСПИТ

    ОДЛОЖЕНА КОМИСИЈАТА ЗА БУЏЕТ, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ СЕ НА РАСПИТПратеникот Крсто Мукоски бара збор за време на вчерашната расправа на Комисија за финансирање и буџет. (Фото: СДК.МК)

    Расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет е одложена. Пратениците утринава биле информирани дека седницата на комисијата, која што требаше да почне денеска во 11 часот, е одложена на неодредено, неофицијално, поради полициската акција утринава, во која што беа уапсени или повикани на распит и пратеници во врска со организираиот напад во Собранието на 27 април.

    Засега, нема потврда колкумина пратеници се распит во Основниот суд Скопје 1, а во судот беше донесен пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, кој е член на Комисијата за финансирање и буџет. Според собранискиот Деловник, пратениците имаат право да се повикаат на имунитет за време на давање исказ. Уставот, пак, вели дека пратеникот ужива имунитет и не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое што е предвидена казна затвор во траење на најмалку пет години.

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција утринава соопшти дека е отворена истрага против 36 лица за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

    Комисиската расправа за Предлог-Буџет на Република Македонија за 2018 година почна вчера и денеска требаше да се одржи првото продолжение од расправата. Додека се расправа за буџетот во Собранието, сите други активности запираат.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира