ОДЛОЖЕНА СЕДНИЦАТА ЗА СУДСКИТЕ РЕФОРМИ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ ПОРАДИ СЛУЖБЕН ПАТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ

    ОДЛОЖЕНА СЕДНИЦАТА ЗА СУДСКИТЕ РЕФОРМИ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ ПОРАДИ СЛУЖБЕН ПАТ НА ПРАТЕНИЦИТЕОд кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери велат дека двете седници и комисиите се одложени поради службено отсуство во странство на повеќемина пратеници и поради тоа немало кворум за работа. - Од синоќешната седница за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски (Фото: К. П опов)

    По бурната расправа ноќеска во Собранието до 5 минути по полноќ, кога без да објасни претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата за одземањето имунитет на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски, денеска се одложени сите активности во парламентот.

    Официјално, од кабинетот на Џафери велат дека двете седници и комисиите се одложени поради службено отсуство во странство на повеќемина пратеници и поради тоа немало кворум за работа. Денеска на собраниски седници требаше да се најде пакетот реформски закони за судството, кои се со европско знаменце и се приоритетни, како и уште неколку други предлог-закони со европско знаменце. Одложена е и интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

    Засега нема најава кога ќе бидат закажани овие седници.

    На дневен ред на одложената 86. седница беа предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за судовите, за прекршоци и за управни спорови, сите три во второ читање.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира