ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“, НА ОБВИНЕТИТЕ ЌЕ ИМ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“, НА ОБВИНЕТИТЕ ЌЕ ИМ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО

    Денеска повторно се одложи рочиштето за случајот „Маѓар телеком“, во кој обвинети се тројцата поранешни директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус. Како што известија од судот, на минатото рочиште била донесена одлука на обвинетите да им се суди во отсуство.

    Адвокатот Ненад Јаниќевиќ рече дека добил полномошно од првообвинетиот Атила Сендреи да го застапува на судењето, поради што побара одложување на денешното рочиште за да може да изврши увид во списите од предметот.

    Станува збор за случај за кој е почната истрага во 2008 година, а обвинение е поведено во 2011 година.

    На тројцата обвинети им се суди за злоупотреба на службената положба и овластувања.

    Овој предмет, како што појасни судот, не е поврзан со случајот „Маѓар телеком“ и сведочењето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, што Специјалното јавно обвинителство го бара, а Советот на јавни обвинители не ѝ го дава на Катица Јанева.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари