ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ПРЕТСТАВУВА БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ПО ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР СО МАКРОН

    ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ПРЕТСТАВУВА БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ПО ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР СО МАКРОНФранција е посветена на европската перспектива на Северна Македонија, кажа Макрон (Фото: Фејсбук)

    Секое натамошно одложување на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија може да претставува безбедносен ризик, кажа премиерот Димитар Ковачевски откако денеска имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

    Франција е посветена на европската перспектива на Северна Македонија, се согласивме со претседателот Макрон во телефонскиот разговор попладнево. Нема време за губење и секое натамошно одложување на преговорите може да донесе регионални и безбедносни предизвици“, кажа Ковачевски.

    Двајцата лидери разговарале и за меѓусебните економски односи, кои значително биле подобрени минатата година.

    Разговаравме и за нашите одлични билатерални односи и за традиционалното пријателство помеѓу двете земји, но и за интензивирањето на економската соработка, која во минатата година доби ново поглавје со влегувањето на Француската агенција за развој во Северна Македонија“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира