ОХРИДСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ЈА ИСТРАЖУВА СМРТТА НА СТРУЖАНКАТА КОЈА ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    ОХРИДСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ЈА ИСТРАЖУВА СМРТТА НА СТРУЖАНКАТА КОЈА ПОЧИНА ОД КОВИД-19Претходно денеска, Министерството за здравство најави целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај. - Јавното обвинителство (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и било дијагностицирано присуство на вирусот КОВИД-19, соопшти Јавното обвинителство.

    „Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата. Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност“, се вели во соопштението.

    Претходно денеска, Министерството за здравство најави целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

    Досега од КОВИД-19 има четворица починати во земјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира