ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПРОМОВИРАШЕ ОТВОРЕНИ И БЕЗБЕДНИ ГРАНИЦИ ВО ПРОЕКТ НА ЕУ

    ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПРОМОВИРАШЕ ОТВОРЕНИ И БЕЗБЕДНИ ГРАНИЦИ ВО ПРОЕКТ НА ЕУНа состанокот министерот рекол дека идејата за отворени и безбедни граници за сите е еден од столбовите на кои се потпира Европската Унија.(Фото:МВР)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го презентираше проектот за интегририрано гранично управување кој се спроведува во соработка со Европската унија. Како што соопштија од кабинетот на Спасовски, на состанокот министерот рекол дека идејата за отворени и безбедни граници за сите е еден од столбовите на кои се потпира Европската Унија.

    „Јакнењето на националните капацитети во делот на интегрираното гранично управување е од исклучителна важност за нашата земја на нејзиниот пат кон исполнување на ЕУ и Шенген стандардите“, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на презентација на Предлогот за организациска структура, човечки ресурси и управување со човечки ресурси за Одделот за гранични работи и миграции.

    Како што информираат од кабинетот на Спасовски станува збор за проект што веќе се реализира во рамки на реформските зафати во Министерството и треба да биде завршен до средината на оваа година. Проектот стартуваше на почетокот на февруари 2019 година, а за таа намена беа издвоени околу еден милион евра средства од ИПА фондовите на ЕУ. Поделен на две компоненти, од кои првата е подготовка на Патоказ за прифаќање на европското законодавство во делот за Шенген, со надградба на законодавството во делот на Интегрираното гранично управување и развој на Акциски план за Шенген. Втората компонента е јакнење на административните и техничките капацитети во делот на Интегрираното гранично управување.

    „Подобрување на политиките за човечките ресурси и управувањето со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи беше една од главните активности предвидени во рамките на овој проект. Како резултат на неколкумесечното работење од страна на ангажираните експерти од Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, во рамки на твининг проектот, а во соработка со колегите од Одделот за гранични работи и миграции изработен е Предлог за организациската структура, човечките ресурси и управувањето со човечките ресурси за Одделот за гранични работи и миграции и регионалните центри за гранични работи“, кажа Спасовски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира