ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР, МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА КАЖЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ НА НЕГОВОТО МЕСТО ВО МВР

    ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР, МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА КАЖЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ НА НЕГОВОТО МЕСТО ВО МВРМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на партиска трибина во Кичево. (Фото: СДК.МК)

    Партиското раководство на владејачкиот СДСМ вечерва одлучи меѓу кандидатите Оливер Спасовски и Мила Царовска, довербата за технички премиер во 100-дневната влада пред избори, да му ја довери на првиот предлог.

    Во техничката влада нов вицепремиер за економски прашања ќе биде министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, откако Кочо Анѓушев си поднесе оставка на функцијата.

    Шефовите на кабинетите во МВР и во Труд и социјала ќе бидат дополнителни заменици министри секој во својот ресор кај што работи.

    ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи технички министри за внатрешни работи и за труд и социјала.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира