ОПРЕДЕЛЕН ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА НАПАЃАЧИ НА СЕЛА ПРЕПОЗНАЕНИ ОД ГРАЃАНИТЕ

    ОПРЕДЕЛЕН ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА НАПАЃАЧИ НА СЕЛА ПРЕПОЗНАЕНИ ОД ГРАЃАНИТЕЛицата завчера беа објавени на веб-страната на МВР, а граѓаните уште истиот ден ги препознале.

    Судија на претходна постапка синоќа им определил мерка притвор од 30 дена на трите лица кои учествувале во обидот за убиство на лидерот на пратеникот Зијадин Села на 27 април во Собранието, кој беше тешко повреден во главата и на телото. Лицата завчера беа објавени на веб-страната на МВР, а граѓаните уште истиот ден ги препознале, пријавиле во полиција каде се наоѓаат и експресно беа најдени и дадени на Скопското обвинителство за натамошна постапка.

    Скопското обвинителство соопшти дека донело наредба за проширување на истрагата за уште овие три лица, за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство.

    „Ценејќи дека се исполнети околностите предвидени во законот, надлежниот јавен обвинител до судија на предходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерка Притвор за осомничените лица“, соопшти Јавното обвинителство по наоѓањето на тројцата.

    Претходно Јавното обвинителство им се заблагодари на граѓаните со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени на страницата на МВР.

    За обидот за убиство на Села од мај во притвор се двајца осомничени. Вчера претпладне Основниот суд Скопје 1 соопшти дека судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за четворица од петмина уапсени вчера за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април, додека за петтиот, поради влошена здравствена состојба, судот дополнително одлучуваше. Тепачот, кому здравствената состојба му се влошила за време на вчерашниот распит, бил однесен на Клиниката за кардиологија, но и нему сега му е одреден притвор. Вкупно, со новопритворените тројца учесници во бруталното претепување на Зијадин Села, засега има 10 осомничени и сите се во притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира