ОПШТИНА ОХРИД ГИ КРИЕ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ХОТЕЛОТ ВО ЛАГАДИН, КОМШИИТЕ СЕ САМООРГАНИЗИРААТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОПШТИНА ОХРИД ГИ КРИЕ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ХОТЕЛОТ ВО ЛАГАДИН, КОМШИИТЕ СЕ САМООРГАНИЗИРААТ

    Сопствениците на куќи во населбата Лагадин во Охрид се обединија против изградбата на хотелот на само десетина метри од брегот и сметаат дека Општина Охрид прекршила седум закони и намерно ја загрозува оценката на УНЕСКО што се заканува дека ќе го смести Охрид во Листата на светско наследство во опасност.
    На средбата што педесетина сопственици на викенд куќи во Лагадин ја имаа синоќа во Скопје заедно со претставници на Здружението „Охрид СОС“ беше речено дека иако Општина Охрид тврди дека изградбата на хотелот е законска и за неа се обезбедени сите потребни документи, ниту еден од овие документи не е достапен за јавноста. Општината одбива да го даде на увид и нацрт-планот на самиот хотел ниту пак елаборатот за заштита на животната средина.

    Ниту на градилиштето нема истакнато табла со задолжителните податоци за градбата.

    Хотелот се гради на растојание помало од 50 метри од брегот каде што според Законот за води е забранета градба или реконструкција на објекти од траен карактер.

    Хотелот се гради на растојание помало од 50 метри од брегот каде што според Законот за води е забранета градба или реконструкција на објекти од траен карактер (Фото: Охрид СОС)

    Од „Охрид СОС“ велат дека дека градбата е внесена со Општиот акт за село Лагадин кој е донесен без јавна консултација, за самата локација постојат и неразрешени имотно-правни односи, а соседите воопшто не добиле писмено известување што им следува по закон.
    Она што е мошне загрижувачки е што изградбата на овој хотел е одобрена во заштитениот појас на езерото, односно на растојание помало од 50 метри од брегот каде што според Законот за води има забрана за нови објекти од траен карактер.
    При тоа соседите на спорниот хотел потсетуваат на веќе постојниот проблем со колекторскиот систем, особено во Лагадин, каде што истекувањето на фекалии на плажата во езерото стана секојдневна појава секое лето.
    Бидејќи беше речено дека хотелот се гради со финансиска поддршка на холандскиот тур-оператор ТУИ, граѓаните се договорија да бараат прием во холандската амбасада во Македонија за да се уверат во точноста на таа информација. Тие сметаат дека локалната самоуправа намерно лаже за да претстави некаков вид „странски фактор“ и да ги замолчи.
    Ќе се испрати и писмо до седиштето на УНЕСКО затоа што соседите сметаат дека локалната самоуправа во спрега со урбаната мафија прекршила седум закони.
    Тоа се:
    5.Законот за води (чл. 131 став 1 алинеи 4, 5 и 7)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира