ОСЛОБОДЕН НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ, ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЕКРАНИТЕ АКО СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ

    ОСЛОБОДЕН НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ, ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЕКРАНИТЕ АКО СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦЗа пиштолот најден во неговото возило по апсењето, Салиу рече дека го поседува со дозвола и во колата му бил расклопен, како што е законски предвидено. (Фото: ПорталиИкс/принтскрин)

    Новинарот на „ПорталиИкс“ Фуркан Салиу вечерва е ослободен, откако поплaднето беше уапсен за време на фудбалски натпревар во скопското село Коњаре. Откако беше пуштен на слобода, тој даде изјава пред полициската станица во Автокоманда.

    „Поради вашата поддршка и поддршката на овој народ што се собра тука сум ослободен. Во некоја различна ситуација сега ќе бараа притвор за мене, морам да кажам, без ниту еден доказ. Ме товарат дека сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа и од утре не ме гледате веќе на екрани, не ме гледате нигде, ќе се извинам и ќе се тргнам. Нека докажат дека сум чепнал еден полицаец. Имаше таму полицајци кои снимаат, имаше камери од страна, нека докажат дека јас сум удрил полицаец“, кажа Салиу.

    Потоа тој кажа дека без негово присуство му била проверена неговата приватна кола и дека неговиот пиштол, кој го има со дозвола, бил најден законски расклопен. Тој вели дека тоа е направено во обид да ги избришат снимките на неговите камермани, кои во тој момент биле во возилото.

    „Целиот настан почна кога еден млад дечко, кој седеше до нас цело време настрана и не учествуваше во тепачката, почнаа да го тепаат. Го фатија, го ставија под кола за да не се гледа и го тепаа. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, не знам дали е скршен, ме уапсија мене, сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа. Се дерам дека сум новинар, 90 отсто од тие полицајци ме знаат, пред два дена заедно бркавме криминалци“, вели Салиу.

    МВР претходно соопшти дека Салиу и уште едно лице се приведени затоа што нападнале припадници на ЕБР за време на фудбалскиот натпревар БВК Коњаре-Куманово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира