ОСМОМАРТОВСКИОТ МАРШ ГОДИНАВА ВО ЦРНО ПОРАДИ НЕПОСТАПУВАЊЕТО НА ПОЛИЦИЈАТА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГИ ЗАШТИТАТ ЖЕНИТЕ

    ОСМОМАРТОВСКИОТ МАРШ ГОДИНАВА ВО ЦРНО ПОРАДИ НЕПОСТАПУВАЊЕТО НА ПОЛИЦИЈАТА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГИ ЗАШТИТАТ ЖЕНИТЕМаршот, во организација на Платформата за родова еднаквости активистките за женски права, почна од МВР, а заврши во паркот Жена борец, а најголем дел од учесниците беа симболично облечени во црно. (Фото: СДК.МК)

    Традиционалниот осмомартовски марш годинава беше под мотото „Држава што не постапува е држава што силува”, со цел да се потсетат институциите, посебно МВР и Јавното обвинителство да ги исполнат барањата за контрола и затвор за насилниците, навремени квалитетни услуги и поддршка за жените и девојките жртви на насилство.

    Маршот, во организација на Платформата за родова еднаквости активистките за женски права, почна од МВР, а заврши во паркот Жена борец, а најголем дел од учесниците беа симболично облечени во црно.

    „Маршираме за да ги потсетиме институциите, МВР и Јавното обвинителство, дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања, а тие се Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот ‘Јавна соба’, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, Кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик, професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции. Ние сме тука ве следиме и нема да ве оставиме на раат“, кажа активистката Марија Савова.

    Претходно денеска, Јавното обвинителство се огласи со соопштение да каже дека активно постапува да утврди кривична одговорност во врска со групите „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“. Предметот „Јавна соба 1“ е во истрага и во завршна фаза, велат од обвинителството, а предметот „Јавна соба 2“ е во предистражна фаза.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира