ОСОМНИЧЕН СУМ ЗА ЕДЕН ПОТПИС НА ДОГОВОР, КАЖА ЈАНАКИЕСКИ ПО РАСПИТОТ ВО СЈО

    ОСОМНИЧЕН СУМ ЗА ЕДЕН ПОТПИС НА ДОГОВОР, КАЖА ЈАНАКИЕСКИ ПО РАСПИТОТ ВО СЈОЕксминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на пријавницата во СЈО. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е осомничен во повеќе истраги на СЈО, а обвинет е и за насилствата и шамарите во општина Центар, попладнево дојде во ова обвинителство и како осомничен во случајот „Талир”.

    Кога излезе, вознемирен рече дека во овој случај е осомничен затоа што ставил потпис на еден договор. Тој видно растревожен го обвини СЈО дека прави хајка против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, дека е испостава на СДСМ и го повика да покрене случаи и за функционери меѓу социјалдемократите.

    „Не случајно на овој ден се појавија и некакви реформатори, вршат политичка хајка на високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска бев осомничен заради тоа што сум ставил параф на некој договор“, изјави Јанакиески.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира