Основниот суд во Кавадарци му определи притвор во траење од осум дена на 18-годишник кој нападнал полицајци оти дошле да уапсат негов роднина кој избегал од затвор, соопшти кавадаречкото Основно јавно обвинителство (ОЈО).
На 2 мај, во куќа на улицата Димката А. Габерот во Кавадарци, двајца инспектори од Министерството за внатрешни работи дошле да уапсат побегнат затвореник од затворот во Гевгелија, кој бил роднина на осомничениот. Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега 18-годишникот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди.
„Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода“, велат од ОЈО Кавадарци.
А. АНТЕВСКА