ОТКАКО МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА, ОД СДСМ ДОЈДОА ПРЕД ВЛАДА И МУ ОСТАВИЈА ДОКУМЕНТИ ЗА МОЖНА КОРУПЦИЈА НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ МЕЏИТИ

    ОТКАКО МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА, ОД СДСМ ДОЈДОА ПРЕД ВЛАДА И МУ ОСТАВИЈА ДОКУМЕНТИ ЗА МОЖНА КОРУПЦИЈА НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ МЕЏИТИВчера Мицкоски ги повика да му се обратат лично сите кои имаат докази во однос на обвинувањата на СДСМ за вицепремиерот Изет Меџити. (Фото: К. Попов)

    Откако премиерот Христијан Мицкоски го повика СДСМ да достави документи за корупција на неговиот заменик Изет Меџити од ВЛЕН, денеска портпаролката Богданка Кузеска дојде во Владата, со наводните докази од свиркач-пријавител во папка.

    Прво што забележа таа за Мицкоски, е дека СДСМ му дава документи на „самопрогласениот главниот државен обвинител, кадија и врховен судија“.

    Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. Еве ги тие документи коишто до нас се доставени од свиркачи и кои се од државни институции, со архивски броеви, печати и потписи“, покажа Кузеска пред Владата.

    Читаше од нив дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности во работењето, дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети.

    Дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните. Според наведеново во овие документи, во Министерството за животна средина бил поставен систем за потпис и одлучување спротивно на законите и административните процедури, што отвора сомнежи за корупција и мито. Очекуваме Мицкоски да ги прочита, да ги разгледа внимателно и да одговори на сите овие сомнежи за злоупотреби и можна корупција. Ајде да видиме сега дали нешто ќе преземе премиерот со овие докази во рака. Дали ќе ги повика надлежните институции да реагираат, или Мицкоски ќе продолжи да го штити Изет Меџити“, кажа портпаролката на СДСМ.

    Вчера Мицкоски ги повика да му се обратат лично сите кои имаат докази во однос на обвинувањата на СДСМ дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколува институционалните процедури и ја злоупотребува својата позиција, со цел лично да одлучува кои документи и предмети ќе бидат одобрени или стопирани.

    Ваквите тврдења СДСМ ги поткрепи со одлука на Управниот инспекторат, од каде со решение ги одзеле ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Државниот управен инспекторат со Решение Бр. 11-1653/2024 од 17.01.2025 година официјално ги одзел ингеренциите на вицепремиерот Изет Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира