ОТВОРЕН ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

    ОТВОРЕН ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦАОсвен за деца со попреченост, центарот ќе биде отворен и за возрасни лица со попреченост

    Во Македонска Каменица денес е отворен дневен центар за лица со интелектуална попреченост. Центарот е со површина од 200 квадратни метри и има просторија за рехабилитација.

    „Овој дневен центар многу ќе значи и ќе им го зголеми квалитетот на секојдневието на лицата со попреченост во Македонска Каменица и околните места. Центарот е отворен за целото општество, и во мементот го посетуваат 16 лица кои ќе ја добијат потребната нега, едукација и социјализација. Во центарот со лицата со попреченост ќе работат логопед, социјален работник и две негователки“, кажа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

    Градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова рече дека центарот покрај лицата со интелектуална попреченост до 18 години ќе бидат опфатени и возрасни лица.

    „Во центарот ќе има програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, а ќе се работи и во група и со родителите на корисниците“, кажа Стаменковска.

    Во уредување на објектот општината инвестираше 12,3 милиони денари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира