ОТВОРЕН РЕНОВИРАНИОТ ОДДЕЛ НА КЛИНИКАТА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

    ОТВОРЕН РЕНОВИРАНИОТ ОДДЕЛ НА КЛИНИКАТА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈАОдделот е комплетно реновиран, со нова кровна конструкција, заменети се старите прозорци со нови, собите се комплетно уредени со нов мебел и постелнина, реновирани се тоалетите-Премиерот Заев и министерот Филипче. (Фото: К.Попов)

    На Клиниката за гастроентерохепатологија денес беше отворен новиот реновиран оддел, кој се наоѓа на третиот кат на Интерните клиники. Одделот е комплетно реновиран, со нова кровна конструкција, заменети се старите прозорци со нови, собите се комплетно уредени со нов мебел и постелнина, реновирани се тоалетите.

    Директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија Калина Гривчева-Старделова рече дека реновирањето е направено за два месеци и дека при тоа пациентите од клиниката биле препраќани во другите болници. Парите за реновирањето биле обезбедени од Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и Владата.

    „Кога ми беше дадена можност да работам како директор на Клиниката, моја желба беше да ги подобрам условите и за пациентите и за колегите. Едноставно да ни биде драго што одиме на работа. Не беше баш пријатно да се гледаат пациенти во змискиот период како седат завиткани со ќебиња, а лани имавме и големи поплави на одделот и беше неопходно да се забрза реновирањето“, рече директорката Гривчева-Старделова, и се заблагодари на неколку приватни компании кои со свои донации помогнале во реновирањето.

    Министерот за здравство Венко Филипче рече дека зградата на интерните клиники потекнува од педесетите години на минатиот век и дека поради лошата инфраструктура било потребно негово реновирање. Тој кажа дека досега се реновирани околу дваесетина оддели и болници низ земјата за да има подобро услови за работа, а дека за Клиниката за гастронетрохепатологија набавени се и нови биолошки лекови со групната набавка што ја спроведе Министерството со која беа донесени над триесетина нови молекули.

    Премиерот Зоран Заев рече дека со подобрување на условите за работа и со зголемување на платите на лекарите и на останатиот медицински кадар и со новите вработувања се обидуваат да ги задржат и младите и врвните експерти.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира