ОТВОРЕН СКИ-ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“ НА ПЛАНИНАТА КОЖУВ

    ОТВОРЕН СКИ-ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“ НА ПЛАНИНАТА КОЖУВСки-центарот е оддалечен околу 35 километри од Кавадарци, од каде има организиран превоз до планината. (Фото: Влада на РСМ)

    Од денеска со работа почна новиот ски-центар во земјава „Михајлово“, кој се наоѓа на планината Кожум. Центарот располага со ски-стаза, ски-лифт и сите неопходни елементи за скијачки центар. Местото е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци, од каде има организиран превоз до планината. Повратен автобуски билет чини 280 денари.

    Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев вели дека ски-центарот скијачки центар располага со ски-лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, мобилна пумпа, црево со висок притисок, филтри, хидрант, снежни топови и заштитна мрежа, а има потенцијал за туристички развој преку отворање ресторани, хотели и индивидуални сместувачки капацитети.

    „Кожуф планина е благодaт за општината и државата. Тука е детското одморалиште ‘Михајлово’. Кон активноститe на терен пристапивме откако претходно ги добивме сите дозволи од надлежните институции. Кожуф како планина, во овој дел држи доста снег, речиси преку целата зима има снежна покривка. Сезоната може да се продолжува и со вештачки снег“, вели Јанчев.

    Патеката што во текот на зимата  ќе се користи за скијање, в лето ќе може да служи за спортови со велосипед и други спортски и рекреативни активности. Со возилаод снег се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула,Чемерско, Михајлово и Мрежичко, заради безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои гравитираат во овие делови.

    Со ски-центарот ќе стопанисува спортскиот центар „Јасмин“. Теренските работи на ски-центарот се донација од компанијата „ЈА МИ“ – Кавадарци, а инвестицијата е донација од 231.660 евра од кои 115.000 евра се од Комерцијална банка, а 115.000,00 евра од „Кожувчанка ДОО“, компанијата на градоначалникот Јанчев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира