ОТВОРЕН ТЕЛЕФОН НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИЗБОРНИ ПРИТИСОЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОТВОРЕН ТЕЛЕФОН НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИЗБОРНИ ПРИТИСОЦИ

    Народниот правобранител ги охрабрува граѓаните, веднаш и без двоумење да ја пријават секоја форма на притисок и прекршување на избирачките права и на прописите.

    За таа цел отворена е бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител 0800 54321, непосредно во канцеларијата во Скопје и во подрачните канцеларии низ Републиката.

    Народниот правобранител во соопштението објавено на помалку од 24 часа од почетокот на изборната кампања за изборите на 11 декември ги потсетува граѓаните, за важноста на избирачкото право и начинот на остварувањето и заштитата на ова право, а воедено упатува апел до институциите и сите други за обврската и одговорноста од создавање на реални услови за овозможување, почитување и остварување на избирачкото право на граѓаните, како и правилата за фер и демократски избори.

    „Секој има право да се изјасни за својата опција без притоа да трпи никакви последици. Граѓаните се тие кои одлучуваат. Никој не смее во нивно име, преку разни форми на притисоци, уцени и закани да одлучува. Граѓаните не смеат да молчат, напротив мора да бидат активни, затоа што со навремено пријавување на неправилности од кој било вид  го штитат нивното право, а истовремено придонесуваат за демократичноста на изборниот процес во целина“, стои во соопштението на Омбудсманот.

     

    Народниот правобранител, посебно апелира  до сите што се на раководни позиции во институциите и до други лица во јавната администрација, да не се осмелат на каков било начин да вршат заплашување и притисоци врз вработените. „Народниот праворанител ги охрабрува сите вработените во админстрацијата и сите други лица, без двоумење и страв сознанијата за таквите дејствија треба да ги пријават до надлежните институции и до Народниот правобранител, кој без исклучок ќе ја гарантира тајноста на податоците“, се вели во повикот на Народниот правобранител.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира