ОТВОРИВМЕ ПРЕДИСТРАГИ ЗА НЕКОЛКУ АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ ЗА ЕКОНОМСКИ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА, РЕЧЕ ОБВИНИТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОСКА

    ОТВОРИВМЕ ПРЕДИСТРАГИ ЗА НЕКОЛКУ АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ ЗА ЕКОНОМСКИ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА, РЕЧЕ ОБВИНИТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОСКАОбвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска на денешната Конференција за заедничка борба и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал. (Фото: СДК.МК)

    Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска води предистрага за неколку актуелни функционери за сторен економски криминал и корупција.

    „Отворени се предистраги за неколку актуелни функционери, но постапките се тајни и не можам да изнесувам детали од нив“, рече таа на денешната Конференција за заедничка борба и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал што се одржува во Јавното обвинителство.

    Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам од Италија Федерико Кафиеро Де Рахо потпишаа Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции.

    Тој кажа дека главната трговија со кокаин се случува на Јонско-Јадранскиот појас, а Балканот е неприкосновен во производството и прометот на марихуана, иако не заостанува ни со трговијата со хероин и особено со кокаин во последно време.

    И Рускоска не пропушти да критикува пред високите гости од Италија, дека комплетирањето на истражниот центар доцни. Тој требаше да биде готов во јануари годинава. Само СЈО има истражители по меѓународни стандарди и по законот. Кажа дека и натаму на ОЈО за организиран криминал му фалат обвинители.

    Ја пофали соработката со обвинителствата на Швајцарија (за случај со перење пари кој е веќе во фаза на судење) и со Кнежеството Монако (за предмет кој е веќе во истрага). Рече и дека од италијанскиот обвинител добила информации оти при претресот кај сопственикот на фирмата која го добила тендерот за ИПА проект преку нелегален начин и со помош на државниот секретар Јахи Јахија во МИОА, биле најдени докази за истрагата што се води против него и уште една осомничена, наша државјанка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари