ПАК ЌЕ МУ СЕ СУДИ НА БОКИ 13 ЗА „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“, АПЕЛАЦИЈА ЈА УКИНА ПРВОСТЕПЕНАТА ПРЕСУДА

    ПАК ЌЕ МУ СЕ СУДИ НА БОКИ 13 ЗА „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“, АПЕЛАЦИЈА ЈА УКИНА ПРВОСТЕПЕНАТА ПРЕСУДАПред две години, Основниот кривичен суд Скопје неправосилно го осуди на казна затвор во траење од 9 години. - Боки 13 (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот „Меѓународен сојуз“ во делот за кривичните дела Измама и Перење пари, каде што првостепено осуден беа осудени Бојан Јовановски – Боки 13 и уште две лица, соопштија од судот.

    Во овој предмет, на 7 април 2022 година, Основниот кривичен суд Скопје неправосилно го осуди на казна затвор во траење од 9 години затвор шоуменот и бивш сопственик на телевизија Боки 13. Тој е правосилно осуден на 9 години затвор во предметот „Рекет“.

    Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за „Меѓународен сојуз“ е потврдена од Апелација во делот за ослободителната пресуда за поранешната пратеничка Фросина Ременски.

    Во предметот „Меѓународен сојуз“, Боки 13 е обвинет дека преку истоимената невладината организација измамил бизнисмени со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира