ПАНАМА ИНВЕСТИРАЛА ВО МАКЕДОНИЈА 143,5 МИЛИОНИ ЕВРА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:161:"Најмногупанамскипаривлеглевоконфликтната2001годинаидветепостконфликтнигодини";s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАНАМА ИНВЕСТИРАЛА ВО МАКЕДОНИЈА 143,5 МИЛИОНИ ЕВРА

    Од Панама во Македонија за 17 години биле вложени 143,5 милиони евра.Официјалните податоци на Народна банка покажуваат дека од Македонија нема директни инвестиции во Панама, но затоа пак панамски компании сакале парите да ги вложуваат во Македонија. Централната банка има податоци од 1997 до 2014 година. Во табелата, за 2015 нема податок за директни инвестиции од Панама.

    Гледано по години, најголеми приливи од Панама се регистрирани во конфликтната 2001 година, кога влегле 12,9 милиони евра, а наредните две години инвестициите од Панама во Македонија биле најголеми – по 13,3 милиони евра годишно.

    Минатата недела од Народната банка на Македонија за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека Централната банка нема надлежност да истражува дали има и македонски граѓани кои имале или користеле офшор компании за даночни затајувања споменати во Панамските документи што протекоа во јавноста и предизвикаа редица истраги во повеќе земји, а во Исланд премиерот мораше да поднесе оставка.

    И на денешниот брифинг со новинарите, гувернерот Димитар Богов објасни дека Народна банка не ги контролира нелегалните трансакции, а механизмите за нивна контрола ги имаат банките, чии системи се под надзор на централната банка.

    Како што објави агенцијата МЕТА, на прашањата за улогата на НБРМ во расветлување на поврзаноста на физички лица или компании со сметки во офшор-земји како Панама, по повод аферата „Панама пејперс“, гувернерот Богов изјави: „Народна банка еднаш годишно ги контролира овие системи и според репрезентативен примерок на трансакциски сметки, се утврдува дали банката е изложена на одредени ризици, меѓу кои и можноста преку неа да се перат пари“.

    bogov

    Гувернерот Димитар Богов денеска рече дека барем засега Народна банка нема сознанија за нелегални трансакции

    И во Агенцијата за финансиско разузнавање која е надлежна за да покрене истрага на прашањето дали почнале истрага за евентуални случаи на македонски граѓани кои имале или користеле оф шор компании споменати во Панамските документи, за САКАМДАКАЖАМ.МК минатата недела изјавија дека ако имаат сознанија ќе ги преземат неопходните мерки.“

    Гувернерот Димитар Богов денеска рече дека барем засега Народната банка нема сознанија за нелегални трансакции.

    Финансиски консултант кој го контактираше САКАМДАКАЖАМ.МК, кој сакаше да остане анонимен, објасни дека кога се даваат привилегии за странски инвестиции во земјата, тогаш е нормално на бизнисмени да им треба да купат фирми во некоја од земјите даночен рај.

    „Ако треба да бидат странска инвестиција, прават или наоѓаат некоја “но нејм” компанија, за да не се знае кој е основачот на таа компанија. Во светот тоа е решено елегантно, преку заеднички фондови, каде не се знае кој сопственик. Ние сме далеку од тоа. Затоа кај нас има инвестиции од Панама, Белизе, Девствени Острови, ама тоа е на најдолното ниво на перење пари – со куферчиња. Потоа тие пари се носат во офшор компаниии и се враќаат назад во земјата како инвестиција. Не сме ние ниво да стасаат корпоративни пари во Панама, па да се превртат“, објаснува консултантот што го контактиравме и објаснува дека „фактот што во конфликтната и поконфликтните години влегле најмногу панамски пари во земјава покажува дека тогаш можело многу да се купи за малку пари“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари