ПАПАТА ФРАЊО КАЖА ДЕКА СЕ СРАМИ ОД СВЕШТЕНИЦИТЕ КОИ СЕКСУАЛНО ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ДЕЦА

    ПАПАТА ФРАЊО КАЖА ДЕКА СЕ СРАМИ ОД СВЕШТЕНИЦИТЕ КОИ СЕКСУАЛНО ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ДЕЦА„Не можам да ја изразам болката и срамот што ги чувствувам околу непоправливата штета што е направена на децата од еден дел од црковните службеници“, кажа папата кој од вчера е во посета на Чиле. (Фото: АФП)

    Папата Фрањо изрази болка и срам околу скандалот со сексуално злоставување деца што ја потресе црквата во Чиле, во неговиот прв говор за време на посетата на јужноамериканските земји.

    „Не можам да ја изразам болката и срамот што ги чувствувам околу непоправливата штета што е направена на децата од еден дел од црковните службеници“, кажа тој.

    „Мора да работиме напороно за да се осигураме дека тоа никогаш повеќе нема да се случи“, додаде папата.

    Невладината организација „Одговорност за бискупот“ минатата недела, непосредно пред посетата на папата во Чиле, објави дека речиси 80 членови на клерот од Римокатолочката црква се обвинети за сексуално злоставување на деца во Чиле, почнувајќи од 2.000 година.

    Активисти од неколку јужноамерикански земји на состанокот во Сантијаго вчера покренаа глобална организација „Да заврши злоупотребата од свештениците“ . Организацијата бара да запре сексуалната злоупотреба врз деца од членовите на црквата, кажа Хосе Андрес Мурило еден од основачите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира