ПАПАТА ФРАЊО ПОЧИНА НА 88 ГОДИНИ

    ПАПАТА ФРАЊО ПОЧИНА НА 88 ГОДИНИКардиналот Хорхе Марио Бергољо беше избран да ја води Католичката црква во март 2013 година, откако папата Бенедикт XVI се повлече од функцијата. (Фото: АНСА)

    Папата Фрањо почина на Велигденски понеделник, 21 април 2025 година, на 88-годишна возраст во својата резиденција во Каза Санта Марта во Ватикан, соопшти Ватикан утрово.

    Веста за смртта на поглаварот на Римокатоличката црква ја соопшти кардиналот Фарел.

    „Драги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на нашиот Свет Отец Фрањо. Утрово во 7:35 часот по локално време, бискупот на Рим, Фрањо, се врати во домот на Отецот. Целиот свој живот го посвети на служба на Господ и на Неговата Црква“, изјави кардиналот Фарел.

    Тој додаде дека папата Фрањо „нè научи да ги живееме вредностите на Евангелието со верност, храброст и универзална љубов, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните“.

    „Со огромна благодарност за неговиот пример како вистински ученик на Господ Исус, ја препорачуваме душата на папата Фрањо на бескрајната милосрдна љубов на Бога“, рече Фарел.

    Кардиналот Хорхе Марио Бергољо беше избран да ја води Католичката црква во март 2013 година, откако папата Бенедикт XVI се повлече од функцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира