Парламентарното мнозинство испрати писмо до Службен весник потпишано од 67 пратеници за да се објави изборот на Талат Џафери за собраниски спикер.
Претседатателот на Собранието Талат Џафери утринава влезе во својот кабинет во парламентот и првата работна средба ја имаше со ЕУ амбасадорот во Скопје Самуел Жбогар.
Извори од Собранието велат дека процедурата за преземање на спикерското место си оди како што треба. Печатите не се кај поранешниот претседател Трајко Вељаноски, туку кај стручните служби.