ПАРТИИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА СЕ МЕШААТ ВО РАБОТАТА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО, АПЕЛИРА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЈОВЕВСКИ

    ПАРТИИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА СЕ МЕШААТ ВО РАБОТАТА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО, АПЕЛИРА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЈОВЕВСКИ„Политичките субјекти доколку се сомневаат или имаат забелешки на мојата професионална работа можат да побараат мое разрешување“, вели Јавниот обвинител Љубомир Јовевски (Фото: СДК.МК)

    Јавниот обвинител Љубомир Јовевски апелираше „до политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во вршењето на јавно-обвинителската работа, како што е случајот деновиве“. Во соопштението на Јавното обвинителство, тој вели дека обвинителите својата работа ја вршат и одлуките ги носат и ќе ги носат исклучиво врз основа на одредбите од законот и изведените докази.

    „Со моето доаѓање на функцијата Јавен обвинител на Република Македонија ветив дека одлуките нема да се носат врз основа на желби на партиските штабови или центри на моќ. Професионализацијата и враќањето на довербата во Обвинителството ми се основни принципи при вршењето на оваа одговорна функција“, изјави Јовевски и побара од политичките партии, без разлика дали се на власт или во опозиција, без разлика на етничка припадност да постапуваат согласно нивните јавно искажани и декларирани принципи за немешање во работата на обвинителството.

    Јовевски уверува дека и за трагичниот настан, во кој животот го загуби четиригодишниот Алмир Алиу, се постапува неселективно, непристрасно, професионално и врз основа на законот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари