Владата со уредба која ја донела на вечерашната седница, им скуси на почитичките партии 4 милиони евра предводени за изборите. Им остави на располагање милион евра народни пари.
На овие парламентарни избори, поради пандемијата со коронавирус, нема да има митинзи и класична предизборна кампања. Четирите милиони евра се враќаат во Буџетот, одлучи Владата.
Уредбата е на предлог на министерката за правда Рената Дескоска. Таа е со законска сила.
Четирите милиони евра ќе бидат пренаменети во Буџетот за справување со последиците од пандемијата. Милионот евра ќе треба да биде распределен согласно законските прописи.
С. К ДЕЛЕВСКА