Пеејќи ја песната „Во борба македонски народе“ и мафтајќи со црвени знамиња учесниците во Шарената револуција вечерва маршираше низ битолските улици. Тие повикаа и останатото население да им се придужи на протестите.
„Да ги заземеме улиците, да го нарушиме мирот, за кај граѓаните да го подигнеме нивото на свесност за состојбата во која се наоѓаме. Треба едно да ни биде јасно – никој нема да не ослободи, ни еден политичар никогаш нема да не ослободи, освен самите ние“, порачаа говорниците.
Демонстрантите се задржаа пред општина Битола каде беа запалени пиротехнички материјали. Потоа го блокираа кружниот тек пред Здравствениот дом, а на сообраќајните знаци залепија лепенки на кои пишуваше „двојче оставка“ и по една банкнота „владимирка“. Понатаму продолжија да маршираат низ повеќе сообраќајници низ Битола.