Патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје утрово излетал од шините во близина на гостиварските села Лакавица и Падалишта, објави Центарот за управување со кризи. Во несреќата немало повредени.
Од Центарот додаваат дека возот удрил во карпа, која, најверојатно, паднала на шините. Композицијата од ударот излетала од шините, при што само била предизвикана материјална штета.
Сообраќајот на тој дел од пругатa е во прекин и се врши увид.