ПАТНИЧКИ ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ ВО ГОСТИВАРСКО ОТКАКО УДРИЛ ВО КАРПА, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ПАТНИЧКИ ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ ВО ГОСТИВАРСКО ОТКАКО УДРИЛ ВО КАРПА, НЕМА ПОВРЕДЕНИВо несреќата само била предизвикана материјална штета (архивска фотографија)

    Патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје утрово излетал од шините во близина на гостиварските села Лакавица и Падалишта, објави Центарот за управување со кризи. Во несреќата немало повредени.

    Од Центарот додаваат дека возот удрил во карпа, која, најверојатно, паднала на шините. Композицијата од ударот излетала од шините, при што само била предизвикана материјална штета.

    Сообраќајот на тој дел од пругатa е во прекин и се врши увид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира