ПАЦИЕНТИ НА 23 И 30 ГОДИНИ ЌЕ ДОБИЈАТ БУБРЕГ ОД 44-ГОДИШНА ЖЕНА КОЈА ИМАШЕ МОЗОЧНА СМРТ

    ПАЦИЕНТИ НА 23 И 30 ГОДИНИ ЌЕ ДОБИЈАТ БУБРЕГ ОД 44-ГОДИШНА ЖЕНА КОЈА ИМАШЕ МОЗОЧНА СМРТВо трансплантацијата на срце учествуваа тимови од Клиниката за кардиохирургија и од приватната болница „Жан Митрев“. (Фото: Фејсбук профил на Филипче)

    На Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор. Двајца пациенти на возраст од 23 и 30 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт, соопшти Министерството за здравство.

    Рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент кој подолго време боледува од срцева слабост.

    „Пациентот е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата“, велат од Министерството.

    Трансплантацијата на органи е тимска работа и во неа учествуваат преку десет клиники и околу стотина лекари, медицински сестри и болничари во координација со Министерството за здравство и националниот координатор за трансплантација д-р Маја Мојсова-Мијовска.

    „Најголема благодарност за семејството за 44-годишната жена која спаси најмалку три животи. Благодарност до нејзиниот сопруг, нејзините деца и најблиското семејство. Тие покажаа што значи хуманост во најтешки моменти“, велат од кабинетот на министерот Венко Филипче.

    Во трансплантацијата на срце учествуваа тимови од Клиниката за кардиохирургија предводени од Сашко Јовев и од приватната болница „Жан Митрев“, предводени од Жан Митрев, како и анестезиолозите од КАРИЛ на чело со д-р Мојсова-Мијовска.

    Тимовите за експлантација и трансплантација од Клиниката за урологија ги водеа д-р Сашо Дохчев и д-р Сотир Ставридис.

    Според Министерството, се очекува следната трансплантација на коски, по експлантацијата која во раните утрински часови ја заврши тимот за трансплантација од Клиниката за ортопедија.

    Во изминатата година се трансплантирани четири срца и 10 бубрeзи. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира