ПАЦИЕНТИТЕ ВО ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ КОИ СЕ ПОЗИТИВНИ, ЌЕ МОЖЕ ДА ОСТАНАТ ТАМУ, ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ПРИТИСОКОТ ВРЗ „8 СЕПТЕМВРИ“

    ПАЦИЕНТИТЕ ВО ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ КОИ СЕ ПОЗИТИВНИ, ЌЕ МОЖЕ ДА ОСТАНАТ ТАМУ, ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ПРИТИСОКОТ ВРЗ  „8 СЕПТЕМВРИ“Досега пациентите од приватните болници на кои ќе им се потврдеше позитивен тест на коронавирус, веднаш се препраќаа во „8 Септември“ - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“ во Скопје ги понудиле своите медицински персонали и капацитети за лекување на пациенти со КОВИД-19, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Понудени за соработка се анестезиолози и интернисти.

    Доколку таму е примен пациент за друга здравствена услуга, а тестот покаже дека е позитивен, пациентот ќе остане во болницата, но ќе биде преместен во одделението за изолација во приватните болници. Ако му се влоши состојбата поради компликации и му е потребно лекување на инфективно одделение, тогаш ќе се префрли во Инфективната клиника.

    „Сите приватни болници кажаа дека имаат изолирани одделенија, со посебни патеки и проколи. Така пациентот ќе може да ја прими здравствената услуга која не е директно поврзана со коронавирусот. Доколку се наметне потреба, на пациентот да му треба друга услуга, на пример за воспаление на бели дробови, ќе може да се префрли во државните клиники. Досега ваквите пациенти беа препраќани во Градската општа болница ‘8 Септември’, но таму е голем притисокот и затоа отсега ќе се лекуваат во приватните болници“, одговори министерот на новинарско прашање.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира