ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НЕМА ВЕЌЕ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАСТА

    ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НЕМА ВЕЌЕ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАСТАОд ДС велат дека коалициските партнери не ја поддржуваат нивната идеја за една изборна единица, а затаила и борбата против корупција. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот и лидер на Демократски сојуз (ДС) Павле Трајанов веќе нема да биде дел од парламентарното мнозинство и нема да ја поддржи владината реконструкција, соопшти партијата. Трајанов е единствениот пратеник во Собранието од оваа партија.

    При носење на одлуката, Централниот совет на Демократски сојуз заклучил дека програмските приоритети на партијата усогласени со СДСМ пред парламентарните избори во јули 2020 година, како и во декември 2021 пред формирањето на Владата на Димитар Ковачевски, не се имплементирани.

    Од ДС велат дека коалициските партнери не ја поддржуваат нивната идеја за една изборна единица, а затаила и борбата против корупција. Не е реализиран ниту приоритетот на ДС за донесување закон за формирање Фонд за младите од 2% од Буџетот, како и вработување на сите студенти по дипломирањето во јавниот или во приватниот сектор на година дена со просечна плата остварена во претходната година.

    Денеска во Собранието почна расправата за владината реконструкција со која што се овозможува влез во власта на Алијанса за Албанците на сметка на Алтернатива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира