ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗАБРАНИ ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА МАЗУТОТ ВО СКЛАДОТ НА „ЕВРОТИМ“, СОДРЖЕЛ ВОДА, СЕДИМЕНТИ И ПЕПЕЛ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО

    ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗАБРАНИ ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА МАЗУТОТ ВО СКЛАДОТ НА „ЕВРОТИМ“, СОДРЖЕЛ ВОДА, СЕДИМЕНТИ И ПЕПЕЛ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТОЦелата документација, со сите наоди од надлежните институции, од Кабинетот на Николовски велат дека веќе се доставени во Основното јавно обвинителство Скопје. (архивска фотографија)

    Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) донесе решение за забрана за промет на производот мазут кој е затекнат во складот на економскиот оператор „ЕВРОТИМ ДООЕЛ Кичево“, откако анализите на дополнително земените мостри покажале дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности, соопштија од Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски. Вонредните контроли на мазут доаѓаат по истражувањето на ИРЛ за увозот на мазут, а токму компанијата „Евротим“ беше предмет на истражувањето.

    Од Кабинетот на Николовски потсетуваат дека ДПИ уште при првичните контроли на компанијата „Евротим ДООЕЛ Кичево“ изрече Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што тогаш кај две цистерни на компанијата, беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот, што оваа компанија го увезува, односно, параметрите за квалитет на мазут не одговараа согласно Правилникот за квалитет на течни горива. По задолжение од ДПИ, тогаш двете цистерни од кои се земаа мострите, беа вратени кај добавувачот, по што следуваа последните дополнителните анализи.

    „Владата покажа загриженост, подготвеност и одлучност за разврска и расчистување на сите сомнежи и прашања поврзани со информациите за увоз на мазут и нафтени деривати. Веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на предлог на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во координација со министерот за економија, Крешник Бектеши, се задолжија сите надлежни институции да спроведат итни, вонредни и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати“, се вели во соопштението од Кабинетот на Николовски.

    Целата документација, со сите наоди од надлежните институции, од Кабинетот на Николовски велат дека веќе се доставени во Основното јавно обвинителство Скопје, за понатамошно процесурирање и постапување согласно нивните надлежности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира