ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира протест пред Министерството за правда. Протестот е за поддршка на притворените учесници во организираниот напад на Собранието на 27 април.
На протестот има педесетина поддржувачи.
Прв говореше пратеникот Антонијо Милошоски кој апелираше до Обвинителството и Министерството за правда дека треба да не прават поделби помеѓу луѓето. Тој рече дека се приведувани недолжни граѓани.
Протестот продолжи со уште двајца говорници.
На крајот пратеникот Влатко Ѓорчев ги повика демонстрантите да дојдат утре во 18 часот пред Кривичниот суд во поголем број и им се заблагодари на присутните оти дошле на студено време.