ПЕХАРОТ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ

    ПЕХАРОТ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕГрадоначалникот на Скопје Петре Шилегов прв им посака добредојде на новите европски прваци (Фото: СДК.МК)

    Ракометарите на Вардар се вратија дома и со себе го донесоа највредниот можен трофеј – пехарот на Лигата на шампионите.

    Дваесет и четири часа откако сензационално го освоија завршниот турнир во Келн и по вторпат за три години станаа европски прваци, „црвено-црните“ слетаа на скопскиот аеродром со чартер лет и тргнаа во голема прослава, што ќе кулминираа на плоштад Македонија.

    За дочекот на шампионите се ангажирани три двокатни автобуси на ЈСП Скопје, еден панорамски и два затворени, со кои тие ќе парадираат од аеродромот до центарот на градот.

    За почеток, ракометарите уште на самиот аеродром беа пречекани и поздравени од илјадници фанови, кои стигнаа неколку часови порано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира