ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОПОЛНИ И ВТОРОТО СТОЛЧЕ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ, КОМИСИЈАТА НЕ МУ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО НА ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ

    ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОПОЛНИ И ВТОРОТО СТОЛЧЕ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ, КОМИСИЈАТА НЕ МУ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО НА ПРЕДЛОГОТ НА СДСМДенеска Собранието му изгласа втор мандат во Судскиот совет од 6 години на Селим Адеми, како предлог на Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Собранието го избра и вториот предлог на претседателот Стево Пендаровски за член на Судскиот совет, а тоа е Весна Дамова, долгогодишен стручен соработник на судија во Основниот суд Скопје 1. На почетокот на летото, на предлог на Пендаровски беше избран во Советот и Миљазим Мустафа, со што претседателската квота во највисоката судска власт е пополнета.

    Но, собраниската не е. Денеска Собранието му изгласа втор мандат во Судскиот совет од 6 години на Селим Адеми, како предлог на Собранието, откако со помош на гласовите од ВМРО-ДПМНЕ, тој доби зелено светло во собраниската Комисија за избори и именувања, која ја води Илија Димовски.

    За разлика од овој предлог на ДУИ, предлогот на СДСМ Павлина Црвенковска, не доби поддршка во Комисијата, во која шест членови има ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ има 5, а ДУИ и Беса по еден. Тоа значи дека со месеци Судскиот совет ќе биде испразнет за едно место, кое е резервирано за предлог од Собранието.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари