ПЕТКОВ ГИ ПОФАЛИ БУГАРСКИТЕ И МАКЕДОНСКИТЕ МИНИСТРИ КОИ ПОЧНАЛЕ ДА РАБОТАТ УШТЕ СИНОЌА, ПРЕКИНУВАЈЌИ ЈА ВЕЧЕРАТА 

    ПЕТКОВ ГИ ПОФАЛИ БУГАРСКИТЕ И МАКЕДОНСКИТЕ МИНИСТРИ КОИ ПОЧНАЛЕ ДА РАБОТАТ УШТЕ СИНОЌА, ПРЕКИНУВАЈЌИ ЈА ВЕЧЕРАТА „Односите до пред недела дена ни беа на многу ниско ниво, а видете сега, колегата дојде со толку многу министри, што е знак дека се има желба заеднички да работиме“, вели Петков. - Од денешната заедничка владина седница (Фото: СДК.МК)

    Од Софија за САКАМДАКАЖАМ.МК: Соња Делевска

    На почетокот на заедничката седница на бугарската и македонската влада во претседателската вила „Бојана” во Софија, премиерот – домаќин Кирил Петков кажа дека место од утрово, министрите од двете страни почнале да работат уште синоќа, прекинувајќи ја заедничката вечера. 

    „Односите до пред недела дена ни беа на многу ниско ниво, а видете сега, колегата дојде со толку многу министри, што е знак дека се има желба заеднички да работиме. Има ли подобро нешто од тоа да зборуваме за поврзувањето преку економијата и инфраструктурата, за евроинтеграцијата, за историјата и човековите права, место за национализам со говор на омраза? Јас имам голема надеж од соработката што следува, зашто синоќа министрите не ја завршија вечерата, туку почнаа со конкретни активности уште веднаш. Им посакувам плодна соработка”, кажа домаќинот Петков.

    Премиерот Димитар Ковачевски, пак, првин пред бројните новинари се заблагодари за државните и воените почести кои вчера беа приредени за него и за македонската влада, на едно величествено ниво. И тој има надеж од соработката со Бугарија која со Петков ја зацртаа со многу интензивно темпо. 

    Кажа дека со колегата сакаат ексел табели и рокови, очекува резултати од тимовите што се формираа, а во кои, како што рече, најмалку ќе има политичари.

    Ковачевски ќе се сретне со претседателот на Република Бугарија Румен Радев во 14 часот по македонско време.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира