ПЛАТФОРМАТА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА МОЖЕ ДА ПАДНЕ И ДЕНЕС, ДОСЕГА СЕ РЕГИСТРИРАЛЕ 88 ИЛЈАДИ КОРИСНИЦИ, ВЕЛИ МОН

    ПЛАТФОРМАТА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА МОЖЕ ДА ПАДНЕ И ДЕНЕС, ДОСЕГА СЕ РЕГИСТРИРАЛЕ 88 ИЛЈАДИ КОРИСНИЦИ, ВЕЛИ МОННовата учебна година почнува задутре со физичко присуство и со онлајн настава. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Над 88 илјади активни корисници биле најавени вчера на Националната платформа за учење на далечина, кога започна тестирањето, кое ќе продолжи и денес, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Новата учебна година почнува задутре со физичко присуство и со онлајн настава.

    Платформата вчера падна, но од МОН велат дека може и денес да се очекуваат проблеми. Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани, велат тие  и е почната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на сервери: серверите за базите со податоци, серверите за балансирање на оптоварување и серверите за опслужување на корисниците.

    „Тестирањето продолжува и во текот на денешниот ден. Како резултат на истото, посочуваме дека е возможно повремено да добивате порака за грешка при поврзување со базата , што е очекувано во предметната фаза на тестирање. Овој процес ќе помогне не само за успешно ставање на Платформата во функција, туку и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамки на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование“, велат од кабинетот на министерката Мила Царовска.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира