ПО 10 ДЕНА РАСПРАВА, СОБРАНИЕТО ГИ РАЗРЕШИ ТРОЈЦАТА МИНИСТРИ НА АЛТЕРНАТИВА

    ПО 10 ДЕНА РАСПРАВА, СОБРАНИЕТО ГИ РАЗРЕШИ ТРОЈЦАТА МИНИСТРИ НА АЛТЕРНАТИВАРазрешување е дел од предлогот на премиерот Димитар Ковачевски за владина реконструкција, по договорот за влез на Алијанса за Албанците во власта. (Фото: К. Попов)

    Собранието денеска ги разреши тројцата министри на Алтернатива по 10-дневна расправа. Нивното разрешување е дел од предлогот на премиерот Димитар Ковачевски за владина реконструкција, по договорот за влез на Алијанса за Албанците во власта.

    „За“ разрешување на министерот за здравство Беким Сали гласаа имаше 65 гласа од пратениците, додека „за“ разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи гласаа 64 пратеника.

    Расправата за избор на нови министри ќе продолжи вечер, по седницата за пратенички прашања. Предлози за нови министри се: Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

    На почетокот на седницата, пред 10 дена, беа констатирани оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира