ПО БАРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА, АМЕРИКА ДОНИРАШЕ ЧИЗМИ ЗА СПАСУВАЧИТЕ

    ПО БАРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА, АМЕРИКА ДОНИРАШЕ ЧИЗМИ ЗА СПАСУВАЧИТЕДиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу (десно) со донираните чизми. (Фото: МИА)

    По барање на македонската влада, американската амбасада денеска донираше воотпорни чизми и одела, заштитни маски, рефлектори и ламби во вредност од 30.000 долари на Дирекцијата за заштита и спасување. Опремата за справување со поплави ја прими директорот на Дирекцијата Шабан Салиу, кој кажа дека со донацијата ќе се зголеми ефикасноста на Дирекцијата за заштита и спасување при евентуални поплави.

    Полковникот Џефри ван Сикл, шеф на канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД во Скопје, рече дека по поплавите што се случија на почетокот на август минатата година во Скопје, по барање на македонската влада, тие заедно со Дирекцијата за заштита и спасување направиле список на опрема која е најпотребна за справување со потенцијални поплави и за спасување човечки животи.

    „Нашата цел е да им помогнеме на спасувачките екипи од ДЗС во нивната важна мисија да одговорат на предизвиците при поплави и други природни непогоди низ Македонија“, изјави Ван Сикл.

    Опремата се состои во 57 водоотпорни одела, 55 пара водоотпорни чизми, 25 заштитни маски со филтер, 35 рефлектори и 40 ламби.

    Македонското Министерство за надворешни работи десет дена по поплавите во скопско на 6 август од земјите кои имаат амбасади во Скопје побара да обезбедат хуманитарна помош со прецизна спецификација за справување со последиците.

    Освен вообичаените производи и предмети како што се лопати, гумени чизми, храна и вода во листата од Министерството има други необични ставки. Министерството бара 24 теренски возила – „дефендер“ – со погон на четири тркала, пет моторни чамци со приколки и 29 гумени чамци, камиони кипери, алпинистички јажиња, продолжни кабли, 50 вреќи во кои ќе се извлекуваат повредени лица, вреќи за извлекување на лица со помош на хеликоптер итн.

    МНР ОД СТРАНЦИТЕ БАРА ЏИПОВИ И ЧАМЦИ ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира