ПО БЕГАЛЦИТЕ, СЕГА СТЕВЧО ГИ ПЛАШИ КАРПОШАНИ СО ХОМОСЕКСУАЛНА МАФИЈА

    ПО БЕГАЛЦИТЕ, СЕГА СТЕВЧО ГИ ПЛАШИ КАРПОШАНИ СО ХОМОСЕКСУАЛНА МАФИЈАЈакимовски е искусен политичар, кој во владата на Владо Бучковски беше министер за економија, а потоа и министер за труд и социјала. Беше и претседател на скопската организација на СДСМ. - Стевчо Јакимовски на вчерашниот митинг (Фото: Фејсбук)

    Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој бара уште еден мандат на локалните избори в недела, на вчерашниот митинг изјави дека во Карпош сака да се инсталира хомосексуална мафија и да прави геј паради.

    „Знаете ли која мафија е најопасна, онаа што вози во рикверц. Онаа хомосексуалната мафија што сака да ни се инсталира во Карпош, да ни прави геј паради“, кажа Јакимовски.

    Претходно, на 23 август, Јакимовски на Фејсбук соопшти дека се потпишал на иницијативата за распишување референдум против изградба на бегалски кампови во општините низ Македонија. Тој тогаш кажа дека Општина Карпош не е подготвена да прими 5.000 бегалци од Сирија. На 5 септември, Советот на неговата општина донесе одлука за распишување референдум против бегалците, чие што одржување го спречи Државниот инспекторат за локална самоуправа, кој што  донесе одлука да нема референдуми на истиот ден кога се одржуваат изборите.

    Јакимовски, кој е претседател на ГРОМ, досега три пати беше избиран за градоначалник на Карпош. Првин како кандидат на ЛДП, потоа на СДСМ и на минатите избори со печатот на Српска напредна странка на Драгиша Милетиќ. Јакимовски е искусен политичар, кој во владата на Владо Бучковски беше министер за економија, а потоа и министер за труд и социјала. Беше и претседател на скопската организација на СДСМ.

    Противкандидат на Јакимовски за градоначалничката функција во Општина Карпош му е Стефан Богоев од СДСМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира