ПО БОЛЕСТИТЕ НА КРВОТОКОТ, РАКОТ Е ВТОРА ПРИЧИНА ЗА СМРТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

    ПО БОЛЕСТИТЕ НА КРВОТОКОТ, РАКОТ Е ВТОРА ПРИЧИНА ЗА СМРТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈАМажите најчесто умираат од рак на бели дробови, а жените од рак на дојка. (Фото: СДК.МК)

    Канцерогените заболувања се втора најчеста причина за смрт во Македонија, веднаш по болестите на циркулаторниот систем, покажува извештајот за морталитетот од малигни неоплазми објавен од Институтот за јвано здравје (ИЈЗ). Во периодот 2010-2020, стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100.000 население во 2010 до 188,6 на 100.000 во 2020.

    Од рак во земјава умираат повеќе мажи од жени. Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми е ракот на бели дробови со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 до 67,6 на 100.000 мажи во 2020. Жените најчесто умираат од рак на дојка, а стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 до 32,2 во 2020 на 100.000 жени. Најголема е смртноста кај лицата над 65 години.

    Од ИЈЗ посочуваат дека постојат силни докази оти зголемената телесна тежина предизвикува различни видови рак. Утврдени се дополнителни пет други видови на рак во споредба со Експертскиот извештај од пред една деценија кои се поврзани созголемената телесна тежина, а има и убедливи докази дека гојазноста е причина за постменопаузален рак на дојка.

    Околу една третина од смртните случаи од рак се должат на употреба на тутун и алкохол, висок индекс на телесна маса, низок внес на овошје и зеленчук и недостаток на физичка активност. Здравиот начин на живот е единствен начин за да се спречи ракот, велат од ИЈЗ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира