ПО ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА, ДИРЕКТОРОТ МУАРЕМИ БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ И НА СУДИЈАТА КОЈ ЈА ДАЛ НАРЕДБАТА ЗА ПРЕТРЕС ВО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА

    ПО ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА, ДИРЕКТОРОТ МУАРЕМИ БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ И НА СУДИЈАТА КОЈ ЈА ДАЛ НАРЕДБАТА ЗА ПРЕТРЕС ВО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈАШефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска се пожали на притисок во вршење на самостојната работа на обвинителствот од Муареми, кого го именува Владата. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, побарал до Судскиот совет разрешување на одговорност на судијата на претходна постапка Седат Реџепагиќ, кој ја дал наредбата за претрес на Финансова, на барање на обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

    Претходно тој претставка за незаконски претрес според него, поднесе и до Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој кажа дека денови ќе се изјасни за наводите во претставката.

    „Да, точно е, во архивата на Судскиот совет е заведено барањето за испитување одговорност на судија. На некоја од следните седници на Советот, по пат на ждрепка ќе се формира комисија од три члена. Таа комисија ќе подготви записник – дали постапката за судијата ќе продолжи или ќе прекине. Со оглед дека ваквите предмети се доверливи Судскиот совет во моментов не може да изнесува повеќе детали”, ни одговорија од Советот, со објаснување дека постапката била тајна и оти до правосилност, нема да открива имиња на судии.

    Вчера пак, кривична пријава за малтретирање во вршење на службата, но и за насилство, против директорот Муареми поднесе дебарски бизнисмен, кој тврди дека бил малтретиран и рекетиран од него. Кривичната ја поднел до Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Во меѓувреме, Русковска се пожали на притисок во вршење на самостојната работа на обвинителствот од Муареми, кого го именува Владата. 

    САКАМДАКАЖАМ.МК побара став од Владата за притисокот за кој обвинува Русковска, а оттаму за неа стигна како охрабрување да продолжи да истражува, така и да почитува пресумпција на невиност и законитост во постапката.

    „Владата на Република Северна Македонија ги охрабрува институциите да постапуваат како за овој, така и за секој друг случај, притоа почитувајќи ја пресумпцијата на невиност. Сметаме дека никој не може да влијае врз работењето на државен орган каков што е Јавното обвинителство, и го охрабруваме да постапува законито, непристрасно и објективно”, одговори Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК .

    Станува збор сè уште за фаза на предистрага. Истражителите на Русковска со претресот барале докази во врска со анонимни пријави на граѓани против директорот Муареми и негови соработници.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира