ПО СЛОВЕНИЈА И БИХ, И СРБИЈА ГО ПОТВРДИ ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

    ПО СЛОВЕНИЈА И БИХ, И СРБИЈА ГО ПОТВРДИ ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУСПрвиот пациент во Србија се заразил во Унгарија (Фото: Тањуг)

    Маж од Суботица е прв потврден случај на коронавирус во Србија.

    Министерството за здравство соопшти дека 43-годишникот е сместен во изолација. Тој неодамна се вратил од Унгарија.

    „Се случи она што го очекувавме. Заразениот пациент се чувствува добро. Станува збор за маж кој престојувал кај сестра му во Будимпешта, која исто така имала симптоми на коронавирус. Тој бил одговорен и кога се вратил во Србија, сам се ставил во изолација“, изјави министерот Златибор Лончар.

    КОВИД-19 вчера првпат беше регистриран и во Словенија и БиХ, додека во Хрватска веќе има 11 позитивни случаи.

    Првиот заболен во Словенија се заразил во Мароко и бројката заразени во меѓувреме порасна на шест. Прв случај во БиХ е пријавен во Бања Лука, маж кој неодамна се вратил од работа во Италија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира